врати се на Слободен Печат

20 ГОДИНИ ПОМЕН

Во недела, 5 ти мај во 11 часот ќе го посетиме вечниот дом на нашиот син Дејан

ДЕЈАН ЦВЕТКОВСКИ

Сине, 20 години болка, но љубовта кон тебе не престана.

Секогаш си во нашите срца.

Мајка Олга, татко Милисав и братот Сашо со фамилијата

ЖАЛНА ВЕСТ

Почина мојата сакана мајка и баба

проф. РУЖА ИЛИЌ

Ќе остане засекогаш во нашите спомени.

Нејзиниот мил лик и човечка добрина ќе останат во нашите сеќавања.

Почивај во мир мајко најмила.

Жан Илиќ

ЖАЛНА ВЕСТ

Драги пријатели и роднини, ве известуваме дека на 29.4.2024 не напушти нашата сакана сопруга, мајка и баба

ВЕРКА ВОЛКАНОВСКА

1953-2024

Погребот ќе се одржи на 30.4.2024 на гробиштата Бардовци, со почеток во 12:00 часот.

Од семејството

ТАЖЕН ПОМЕН

На 2 мај 2024 година се навршуваат 40 дена откако почина нашиот сакан

АЛЕКСАНДАР ИВАНОВСКИ

Остана голема болка и празнина по неговото заминување.

Тој беше извонреден човек, општествен работник, градител, лекар, добротвор.

Ние изгубивме прекрасен, благороден сопруг, татко и дедо.

Беше наша гордост и ќе биде засекогаш.

Со неизмерна тага, почит и љубов,

сопругата Драгица со семејството

Во СПОМЕН

на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

ЈОРДАН ЈОНОСКИ

18.12.1930-1.5.2004

На 1 Мај годинава се навршуваат 20 години откако не напушти. Празнината што ја остави со твоето заминување станува се подлабока и поширока. Тагата останува длабоко врежана во нашите мисли и срца. Многу ни недостасува твојата потпора, твојата грижа, љубов и добрината што ни ги даруваше.

Постојано си во нашите мисли и срца.

Со љубов и почит од твоите најблиски

сопругата Мими, ќерката Наташа и синот Андреја со нивните семејства

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Денес 27 април е денот на големата загуба на Тони – загуба која никогаш нема да ја заборавиме. Остави длабока празнина во нашите срца, а спомените занего ќе живеат вечно.

АНТОН БАТАЛАКОВСКИ - ТОНИ

(23.9.1945 – 27.4.2021)

Тони беше несомнено стабилност и светло во нашите семејства. Неговата мудрост и топлина ќе ни недостасуваат засекогаш. Почивај во мир Тони.

Ужалени

семејствата Ковачевски и Макеларски

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Три години непребол, наш сакан и многу почитуван сопруг, татко и дедо

АНТОН БАТАЛАКОВСКИ-ТОНИ

(1945-2021)

Горди сме што те имавме, а бескрајно тажни што те изгубивме. Ќе останеш со нас засекогаш.

Ти благодариме за сѐ.

Почивај во мир.

Од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Мила мајко и бабо

ЈЕЛЕНА УЗУНОВА

Ќе ни недостасуваш многу.

Трајно ќе останеш во нашите сеќавања.

Нека ти е вечен поменот.

Од синот Владо и внуката Мила

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Мила мајко и бабо

ЈЕЛЕНА УЗУНОВА

Ќе ни недостасуваш многу.

Трајно ќе останеш во нашите сеќавања.

Нека ти е вечен поменот.

Од синот Душко, снаата Наташа и внуките Офелија и Тифани

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме сите роднини и пријатели дека после долго и тешко боледување почина нашата мила мајка, сопруга и баба

ЈЕЛЕНА УЗУНОВА

Посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Гробиштата Бутел во недела, 28 април 2024 год. од 11 часот.

Од членовите на ужаленото семејство

До семејството Џаровски и сите пријатели што го опкружуваа Џаро

Во овие моменти на неизмерна тага, би сакал да искажам искрено и длабоко сочувство од мое лично име и од име на вработените во компаниите кои сум ги раководел во минатото и ги раководам денес.

Џаро беше мој пријател, дел од мојот професионален и од приватниот живот. Ќе ми недостига многу. Ќе го носам во своите мисли и сеќавања и за мене ќе остане пример за исклучителен човек.

Велибор Џаровски –Џаро

Благодарен сум што го познавав.

Светозар Јаневски

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме сите роднини и пријатели дека на ден 25.04.2024 година почина нашиот сакан сопруг, татко и дедо

Велибор Џаровски –Џаро

1948-2024

Погребот ќе се одржи на 26.04.2024 година на гробиштата Ѓорче Петров, во 13 часот.

Од семејството

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

На 27 април 2024 год.(сабота) се навршуваат три години од смртта на нашиот сакан сопруг и дедо

ЧАЛОВСКИ ЧАЛО

По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел во 11 часот и ќе положиме цвеќе.

Од сопругата Љупка, ќерката Чалика, зетот Слободан и внуката Сара

СЕЌАВАЊЕ

ЉУБИЦА КОРУНОВСКА

На ден 24.4.2024 година се навршуваат 7 години како Ти го остави своето гнездо кое Ти го створи, во него испили пилиња, ги израсте и образува, кога требаше да се радуваш на нивните успеси Ти замина, не се врати и никогаш нема да се вратиш, оставајќи ги своите мили да тагуваат и жалат по Тебе.

Мила Љубице, твоето гнездо се намножи со повеќе пилиња и во него има радост и веселба,

и повремено сеќавање на Тебе.

Твојата слика и Твојот дух стојат на масата во дневната соба опкружени со свежи цвеќиња. Цвеќето кое Ти го купи, ја прегрнало Твојата слика во спалната соба и цврсто ја чува.

Твојот вечен дом го посетуваме секој празник и секој викенд. Носиме цвеќе, палиме свеќа, ја бакнуваме Твојата слика на каменот и очекуваме да се појавиш да Те видиме.

Со насолзени очи и нажалено срце заминуваме со мисла дека идниот викенд ќе те видиме.

Почивај во мир, мила и сакана Љубица

ПОМЕН
На 23.4.2024 година се навршуваат 5 години од смртта на

ОЛГА НЕЛКОВСКА

2019-2024

Секогаш ќе бидеш присутна во нашите мисли.

Синовите Страшо и Мирчо Нелковски со фамилиите

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

РИСТО ДАУТОВСКИ

Последен поздрав од братот Митко, снаата Вера, со ќерките Гордана и Марија

СЕЌАВАЊЕ

БЛАГОЈА ПЕТРОВСКИ-БАЛА

(2005-2024)

Засекогаш во нашите срца и мисли

од семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

Со неизмерна болка и длабока тага им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на ден 17.4.2024 почина нашиот сакан сопруг, татко и дедо

МИЛОРАД ЛУЕВСКИ

1942-2024

Кон вечното почивалиште ќе го испратиме на 19.4.2024 во 11 :30 часот на Градските гробишта Бутел.

Неутешни

сопругата Мими, синот Марко и ќерката Маријана со семејствата